Познато е дека холивудскиот актер Џим Кери е по малку екцентричен. Актерот во слободно време слика, но изминатиот викенд платното го заменил со ѕидот од својата гаража.
Кери нацртал огромно дрво во необични бои и до него ги испишал иницијалите F. F. C. Неговите пријатели навистина се загрижени заради неговите испади и сметаат дека актерот има некаков психички проблем.
Кери минатата недела објави необично видео на YouTube каде и изјавува љубов на 22-годишната актерка Ема Стоун, иако подоцна на Twitter објавил дека тоа било само шега и дека е престар за неа.
Ваквите испади на актерот навистина даваат сомнеж дека тој има некаков проблем. Се надеваме дека набрзо ќе го реши и дека нема да „забега“ како некои негови колеги.