Џоковиќ да се пази од Ал Каеда!

popara11 септември, 20111min00
Dzokovic mozna meta na Al kaeda

Според тајните служби на САД можна е припрема на Ал Каеда за уште едно крвопролевање во недела како што беше точно пред 10 години! Метите на терористичката организација се Вашингтон и Њу Јорк, каде се одигрува тенискиот Ју Ес Оупен турнир во кој треба допрва да настапува и српскиот тенисер Новак Џоковиќ. Големиот број на луѓе на едно место т.е. стадионот на кој се одигрува овој турнир, е доста примамлива мета за напади од терористите, но сепак нема сигурни информации дека е подигнато нивото на обезбедувањето. Засега нема ни информации за откажување на натпреварите.

Според информациите на ФБИ, терористите имаат план со бомби во автомобили да кренат во воздух неколку мостови и тунели во Њу Јорк и Вашингтон. Информациите стигнаа од Пакистан од американските разознавачи во племенските области нив долж на границата со Авганистан. Најмалку три мажи, од кои еден е американски државјанин, пристигнаа минатиот месец од Авганистан во САД за да изведат акција. Американските власти велат дека имаат нивен опис и ги знаат нивните имиња, за кои се смета дека се лажни.

Улиците на Њу Јорк ќе бидат полни со дресирани кучиња за откривање бомби, а под посебен надзор ќе бидат мостовите, тунелите и друг вид инфраструктура.

Во недела Обама ќе ги посети Њу Јорк, Пентагон и Шенксвил во Пенсилванија, т.е  места каде имаше жртви од немилиот настан на 11 септември 2001-та година.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag