Џоковиќ го сруши Федерер

26 јануари, 20110
DV902895

Третиот светски рекет Новак Ѓоковиќ се пласира во финалето на Австралија Опен, совладувајќи го Швајцарецот Роџер Федерер во три сета со 7:6, 7:5 и 6:4 за три часа игра. Џоковиќ го одигра најдобриот меч во кариерата против Федерер. Првиот сет, Џоковиќ успеа да го добие во тај-брејк . Во вториот добро почна и направи брејк за 2:1, но тогаш се разбуди Федерер, ја презеде контролата и поведе со 5:2. Но уште поголем пресврт направи српскиот тенисер, кој нанижа пет гема по ред и го освои вториот сет со 7:5. Во третиот сет прво Швајцарецот не искористи три брејк топки за 2:0, а потоа го изгуби и својот сервис. Џоковиќ водеше со 4:3, но притисокот од Федерер резултираше со изедначување на 4:4. Сепак, популарниот Ноле остана упорен до крај дојде до три брејк топки, ја искористи последната поведе со 5:4 и го реализира својот сервис за конечен триумф. Ова беше 20 дуел на двајцата тенисери и седма победа на Србинот, кој вторпат во Мелбурн, каде славеше во 2008-та година. Противник на Џоковиќ во големото финалето ќе биде победникот од дуелот меѓу Давид Ферер и Енди Мареј.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi