Анџелина го постигна она што го бараше минатата година – стигна на Бриони да го проследи Раде Шербеџија во улога на Кралот Лир.
Со двете деца и дадилката, но без Бред, со приватен авион слетала на аеродромот во Пула околу 16:30 часот, а таму ја пречека делегација на хрватскиот тетар -Ulysses предводена од Ленка Удовички.
На Бриони присигнал и претседателот Иво Јосиповиќ, а пред претставата, познатата актерка се сретнала со него и неговата сопруга.
Како што дознаваме, Анџелина Џоли утрово е на деловен појадок со Јосиповиќ и Ѓурѓа Адлесиќ на кој ќе зборуваат за помош околу деминирање на Хрватска.