Џорџ Клуни е познат по пристојно однесување, но овој пат не успеа да се контролира. Еден од новинарите за време на филмскиот фестивал во Торонто го прашал приватно прашање, на кое актерот видно се вознемирил.
Всушност, “храбриот” новинар го прашал Клуни “дали му е потешко да снима филмови или да оди на состаноци под будното око на јавноста”, а на тоа тој збесна.
– “Тоа е смешно. Знаев дека некој ќе ме праша и малку сум разочаран што тоа си ти. Искрено, мислам дека на сите треба да ви биде срам, му порача Клуни на новинарот. Какао се викаш?” Кога новинарот кажа дека се вика Пол Чи, Џорџ на сите им рече да го запаметат неговото име.
http://www.youtube.com/watch?v=s2eHBImvb6Q&feature=player_embedded
– “Навистина е важно што ми го постави тоа прашање. Сега врати се кај својот уредник и само кажи му го прашањето што ми го постави”, ја затвори својата расправа Џорџ со новинарот, кој таа вечер го промовираше својот нов филм “Ides of March”.