Џорџ Клуни им порачал на своите колеги актери да престанат да се жалат од работата, бидејќи постои многу потежок начин да се заработат пари за живот. Тој вели дека не е во ред кога слуша дека некои од колегите се жалат и плачат, а немаат поим колку се всушност среќни.
“Јас порано берев тутун во Кентаки и едно време продавав осигурителни полиси од врата до врата -. Тоа е напорна работа”, изјавил Клуни во “Репортер Холивуд “. “Ако некој е тука на оваа маса, значи дека тој имал многу среќа во животот. Знаев голем број на талентирани актери кои не добија шанса. Дали е тоа навистина тешка работа? Знам, понекогаш се работи долги, тешки часови, но никој не сака да ги слуша нивните жалења. А некои актери во Холивуд постојано се жалат како им е тешко. Јас не мислам така. Мене мојата работа ми е предизвик, понекогаш не работам добро, но тоа никогаш не ми е тешко. Помнам како продавав женски чевли во трговскиот центар, тоа беше навистина мизерена работа “, додал актерот.