Џорџ Мајкл, кој минатата недела беше сместен на интензивна нега на АКХ клиниката во Виена, поради тешко воспаление на белите дробови и срцеви проблеми, преживеал благодарение на “вселенскиот” кревет од 116.000 евра!
Креветот бил итно донесен во виенската болница, а лекарите тврдат дека токму тоа чудо на технологијата му помогнало Мајкл да преживие тежок напад како последица од прекин на проток на кислород во крвта.
Инаку, специјалниот кревет е наменет за пациенти со тешки заболувања на белите дробови и кои не се во состојба да се движат, а пациентот лежи во специјално обликувана пена. Креветот е под агол од 40 степени, како би се намалил притистокот во белите дробови на пацентот, што овозможува и подобра работа на срцето. Пејачот е постојано приклучен на апарати за дишење.
Неговиот дечко Фади Фаваз изјавил дека Џорџ се чувствува многу подобро во моментов.
-Оптимист е , и од ден во ден е се појак!