Милијардерот Џорџ Сорос предупредил дека светот ќе се соочи со нова Голема депресија ако Европа не стане централизирана политичка унија, чии финансиски текови ќе бидат строго контролирани.
Сорос предлага да се воспостави Европско Министерството за финансии, кое ќе може да собира даноци, а со тоа и да позајмува пари. Ова е единствениот начин кој треба да го спречи можниот финансиски колапс – изјавил Сорос, додавајќи дека европските политичари дошле до крајот на патот.
Тој изјавил дека европскиот банкарски систем мора да се контролира на ниво на ЕУ, а не на ниво на национални држави. Американскиот милијардер предупредил дека Германија не треба да полемизира дали треба да им помогне на земјите од јужниот дел на Европа, бидејќи тоа е – неизбежно.
– Германската јавност се уште смета дека тоа е прашање на избор. Тоа е голема грешка.
Сорос конечно смета дека пролонгирањето на рецесијата во еврозоната ќе има големи политички последици.
– Колку повеќе време и треба на Германија да сфати, толку ќе биде поголема цената што ќе треба да ја плати заедно со остатокот од светот -предупредил Џорџ Сорос.