Актерката Џулијан Мур (50) се појавила на церемонијата The Big Lebowski Blu Ray во Њујорк и привлекла внимание со својот изглед.
Харизматичната актерка, одично ја започна оваа година, добила награда за Жена на годината, а ако се доделуваше награда за стил, со сигурност ќе ја земеше и оваа награда.
По пристигнувањето на свеченоста The Big Lebowski Blu Ray, која се одржа во Hammerstein Ballroom во Њујорк, таа се одлучила за црно – бела комбинација. На себе имала црн фустан Jason Wu, со крем марама околу вратот.
Изледала женствено и елегантно во овој скромен фустан кој одлично ко вклопила со обетки со дијаманти и чевли од Tabitha Simmons.
Актерката никогаш не претерува со шминка, што беше случај и овој пат. Правилото “малку е многу” и во овој случај дефинитивно проаѓа. Дури и фризурата добро е вклопена. Можеме само да додадеме – оригинално и што е најинтересно – на неа тоа и стои!
Можете ли овој стајлинг да го замислите на Долорес Ламбаш или можеби на Џулија Робертс? Тешко…
Во оваа прилика мора да споменеме и дека Џулијан Мур неодамна изјави дека кога се појавува на црвениот тепих, нема доволно самодоверба.
-Не дека немам самодоверба, но незнам дали постои некој кој со тоа нема проблем. Никој на црвениот тепих не гледа околу себе мислејќи како околу него се наоѓаат многу самоуверени луѓе, објаснува актерката.