Има одлична работа, амбициозен е и згоден… Што повеќе може да се посака? Иако жените голем дел од животот го минуваат сонувајќи за “идеалниот” маж, порано или подоцна стануваат свесни дека за заедничкиот живот важни се некои други квалитети.
Истражувањето во кое учествувале девет лијади жени на возраст од 16 до 75 години, покажа дека финасиите и амбициозноста се двата најважни фактори при бирањето на животен сопатник кај помладите жени, додека кај зрелите припаднички на поубавиот пол поважна е чувствителноста.
Но, едно е сигурно – и малдите и старите не сакаат партнер кој им е само сексуално привлечен.
Половина од помладите испитанички признале дека сакаат партнер кој може да им угодува и да ги опсипува со подароци и вниманите. Жените во зрели години пак сакаат некој кој ќе им пружи сигурности разбирање и ќе бидат со нив кога ќе им биде тешко.
Анкетата покажала и дека помладите девојки обраќаат поголемо влијание на физикиот изглед од постарите жени.
Но, без обзир на годините, жените се сложуваат со едно – сексуалната привлечност е неотуѓив дел од врската.
Жените кои се во своите 50-ти години подеднаква важност даваат на сексуалната привлечност как и младите жени. Изгледа дека сепак не се заборава она што првиот пат не привлекло кај партнерот.