Е ова се вредни луѓе!!! Имаат по 100 години, а сеуште работат…

popara27 септември, 20111min00
stari

Некои луѓе едноставно неможат да седат дома и да не прават ништо. Едни од нив се и 102 годишната Хеда Болгар Бекер и 101 годишниот Мазерин Вингејт, кои, верувале или не, сеуште вредно работат.

Хеда е австријка која живее во САД од 1938 година. Таа има свој центар за понатамошна едукација на психијатри и, иако има 102 години, сеуште држи прадавања од 16 до 20 часови неделно.

Мазерин, кој нема завршено основно образование, работи како чистач во пошта во Мериленд. Тој работи шест дена во неделата, а секој ден вози до своето работно место, каде работи четири часа на ден.

Хеда и Мазерин се прогласени за највредни работници од страна на агенцијата Експириенс Воркс, која им помага на работниците кои имаат над 55 години да најдат работа и можности за доедукација. Од агенцијата велат дека во овие економско тешки времиња многу постари работници продолжуваат да работат, иако би требало да се пензионираат. Само во САД се предвидува дека до 2014 година дури 21% од работната сила ќе ја сочинуваат луѓе постари од 55 години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag