Еди Марфи, ќе биде домаќин на следните доделувања на Оскарите, и најавува дека ќе биде најлошиот водител кој некогаш се појавил на доделувањето.
Пред нешто повеќе од еден месец било потврдено дека познатиот комичар ќе ги води Оскарите, но тој се обидува да ги намали очекувањата на своите обожаватели, тврдејќи дека ќе биде ужасен.
“Многу ми е смешно што луѓето мислат дека ќе бидам совршен, напротив јас ќе бидам ужасен. Ќе бидам најлошиот водител кој некогаш се појавил на Оскарите, изјавил Еди Марфи.
“На крајот на вечерта ќе се измочам во гаќи пред милиони луѓе”, заклучил актерот.