Уште од самиот почеток, во 1967 година, Ralph Lauren претставува една навистина моќна модна империја и постојано е дел од онаа група дизајнери кои се нарекуваат модни диктатори. Што се однесува за оваа колекција, како и сами ќе видите, станува збор за безвременската елеганција на црната боја и женствените долги фустани, кои ја потенцираат сексипилноста на женското тело, но на еден софистициран начин.