Држете се до сигурни теми
Ако сте излезени во кафич или ресторан на пијалок и ручек се идеална тема за почеток на разговорот. Прашајте ја што сака да пие, која и е омилена песна, а можете и да се пофалите дека сте добри во кујна. Исто така, тоа е идеална можност да ја поканите да ги проба вашите кулинарски специјалитети.
Хоби- ќе открие многу за нејзината личност
Како го поминува времето, хоби и интереси многу кажуваат за една личност. Освен тоа, на нејзе ќе и одговара да зборува за работите кои ги сака.
Патувањата се одлична тема на разговор
На итар начин можете да пробудите интерес за разговор на нејзино или ваше интересно патување. Исто така, тоа ќе открие многу за неа и нејзините желби а одлична можност е да кажете интересна анегдота од летување и да ја насмеете.
Избегнувајте прашања за нејзиното љубовно минато
Општо земено, никогаш не би требало да прашувате љубовното минато на првиот состанок. Всушност, оваа тема треба да се избегнува додека таа самата не иницира на тоа.