Неименувано семејство од Шведска кое моментално има сериозни финансиски проблеми, решила да ги продава уметничките дела, масло на платно на кои се потпишани од Адолф Хитлер.
Сликите на аукција во нивно име ќе ги продаваат службеници на шведското министерство за правда, а се оценува дека делата можат да достигнат цена од 15.000 долари.
Оваа одлука на семејството не ги израдува лицата од еврејската заедница од Стокхолм, кои изразиле бес за „несоодветниот начин за остварување профит“, поради што побарале и да се забрани продажбата на овие дела.
Инаку, добро е познато дека Хитлер сакал да слика, но не бил мајстор во тоа. Уметничката академија во Виена одбила да го прими во своите редови, а критичарите неговата уметност ја оценила како “конзервативна и медиокритетска“.
Сепак, семејството не се откажува, особено поради фактот што 13 дела на Хитлер во април оваа година беа продадени на аукција во Англија за нешто помалку од 100.000 фунти.