Египет! Сезоната почнува сега !

popara3 септември, 20111min00
0

Иако годишните одмори се веќе при крај, постојат дестинации кои нудат уживање во текот на целата година, па ако успеете да се дограбите до некој попуст, можете да уживате во егзотичните летувалишта во текот на септември и октомври па дури и за Нова Година.

Хургада, Шарм Ел Шеик и новиот бисер на египетското море – Таба, го нудат прекрасното Црвено море, песочни плажи и одмор од соништата. Доколку пак сакате авантури, тука се нуркање во прекрасниот подводен свет, возење низ пустината, посети на бедуински села и многу други.

Покрај одморот во лулката на цивилизацијата, можете да ги посетите пирамидите, познатиот Луксор и планината Синај на која се наоѓа манастирот Св. Катерина. Историја, море, култура, егзотични локации – сето ова можете да го најдете во оваа земја.

Што треба да знаете за Египет!

Египет е земја во која се испреплетени бројни култури и традиции кои датираат од времето на фараоните. Искреноста на локалните жители ви дозволува да се чувствувате пријатно.

Египет брои 71 милиони жители. Од нив, околу 62 милиони се сунитски муслимани, а 8-9 милиони се коптски христијани. Без разлика дали се муслимани или христијани, тие се многу побожни, а тоа може да се забележи во нивниот секојдневен живот. Поради тоа се многу блиски, а семејствата се држат заедно.

Туристите кои доаѓаат во Египет на почетокот најчесто се претпазливи  поради предрасудите кон Египќаните и Арапите, кои се формирани врз основа на лажниот медиумски имиџ на оваа нација. Ќе бидете изненадени од нивната љубезност, добрина, и пријателски однос. Тука сите гости се добредојдени.

Иако повеќето од нив не пијат алкохол, не се спротивставуваат кога другите го прават тоа. Криминалот речиси не постои, а насилството е главно ограничено. Сепак, во туристичките области може да има и крадци и џепчии, па затоа не би било лошо да се биде на претпазлив. Никако не купувајте и не носете со себе дрога и други опојни средства.

Ценкање!

Ценкањето е неизбежно. Вообичаено е првата понуда да се одбие. Доколку пак сте поканети во нечиј дом, особено во селата, а сте принудени да ја одбиете понудата, домаќинот ќе инсистира да ветите дека ќе ги посетите во иднина. Гледајте тоа да го остварите, бидејќи во спротивно, многу ќе го навредите домаќинот.

Бакшиш!

Бакшишот во Египет многу се цени. Ако некој направи нешто посебно за вас, очекува да биде и награден. Не мора да оставите бакшиш доколку не чувствувате потреба за тоа, но знајте дека тоа е начин да оставите добар впечаток. Имајте на ум дека платите на Египќаните се многу мали, така што секоја екстра пара е добредојдена.

Египќанки!

Египќанките се многу образовани. Својот живот до бракот го посветуваат на грижа за своите родители. Дури 85% од египетските жени ја чуваат својата невиност до бракот, со оглед дека ова е нормална појава на Блискиот исток и мажите кои ја чуваат својата невиност до брак, се сметаат за морални и со добра карма. 90% од Египќаните се женат со девици и не се спремни да се одречат од ова верување дури и ако нивната избраничка доаѓа од западниот свет. Ќе забележите дека сите жени носат превез, но се почесто современите жени ја покриваат само главата.

Од 1930 година Египќанките почнале да се занимаваат со различни професии и денес многу жени се успешни лекари, стоматолози, адвокати, професори, дипломати и министри.

Жените кои сами отпатувале во Египет се доста безбедни. Доколку наидете на било каков проблем, не двоумете се да се обратите до најблиската полициска станица. Сепак жените не би требало сами да се шетаат сами по темни улици, што е случај и во многу други градови во светот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag