Во Северна Кореја е извршена смртна казна над поранешниот министер за железничкиот сообраќај, осуден за смртоносна експлозија на железничката станица во близина на границата со Кина во 2004 година, соопшти јужнокорејската агенција “Јонхап“, повикувајќи се на изјава на официјално лице во Сеул кој сакал да остане анонимен.
Официјално лице од севернокорејската влада ја потврдило егзекуцијата над поранешниот министер за железнички сообраќај, Ким Јонг Сам, кој бил осуден за експлозија на железничката станица Жонгчон во близина на границата на Северна Кореја со Кина, кога загинале 160, а ранети биле 1,300 луѓе.
Експлозијата се случила неколку часови откако севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ил поминал со воз од станицата, што довело до шпекулации дека се работи за обид за убиство на севернокорејскиот лидер од страна на неговите противници.
Извор: Нетпрес