Рег Тревис, поранешното момче на покојната пејачка Ејми Вајхаус, откри дека тој и Ејми планирале свадба. Тревис откри дека тој и Ејми често зборувале за да го направат наредниот чекор во нивната врска. Иако никогаш не поставиле официјален датум за нивната свадба, познатиот режисер вели дека тоа требало да се случи во блиска иднина.
„Да, навистина планиравме да се венчаме. Иако не одредуивме датум, на таа тема зборувавме веќе подолго време“, открива Тревис кој вели дека Ејми исчезнала од овој свет додека тие ја планирале заедничката иднина.
Тревис сеуште не може да се помири со фактот дека Ејми ја нема. Тој вели дека Ејми била, женствена, брилијантна и полна со смисла за хумор. Како и многумина, и тој смета дека пејачката починала бидејќи одеднаш се откажала од конзумирање на дрога, што претставувало огромен напор на нејзиното тело.
Ејми Вајнхаус бее пронајдена мртва во нејзиниот дом во Лондон на 23 јули оваа година, а официјалните причини за нејзината смрт сеуште не се потврдени.