Приказната “Во земјата на крв и мед“, која е во режија на Анџелина Џоли, го доживеа своето прво претставување пред публиката. Претпремиерата на филмот за војната и љубовта во БиХ се одржа во Њујорк.
Како што и претходно имаше истакнато Анџелина и за време на претпремиерата на филмот покажа колку се грижи луѓето да го разберат овој филм, давајќи им изјава на голем број на медиуми кои се собраа на црвениот тепих. Триесет и шест годишната Анџелина се појави заедно со нејзиниот сопруг Бред Пит, неговата мајка Џејн Пит и неговиот татко Бил.
Главната приказна на филмот е врската помеѓу Босанката Ајла (Зана Марјановиќ) и Србинот Даниел (Горан Костиќ), кои пред започнувањето на војната биле во љубовна врска, а приказната го следи нивниот однос за време на војната кога тој станува војник, а таа затвореник.
Во едно интервју Анџелина Џоли изјави: “Размислував за тоа како војната ги променува некои луѓе. Додека некои излегуваат посилна, други се вистински скршени”.
Во истото интервју, Џоли додаде дека таа планира да режира уште еден филм со воена тематика, но дека овој пат станува збор за војната во Авганистан, каде што неодамна беше во посета.
Претпремиерата на филмот “Во земјата на крв и мед“ беше гламурозна. Главната актерка, Зана Марјановиќ беше облечена во долг црвен фустан без прерамки, нашата позната актерка Јелена Јованова се појави во елегантен црн фустан.
Покрај главните актери на претпремиерата на филмот присуствуваа и актерите Алма Терзиќ, Горан Јевтиќ, Раде Шербеџија, Ванеса Глоџо, Феда Штукан, Бранко Џуриќ Џуро со неговата сопруга, Ермин Сијамија, Ермин Браво.
httpv://www.youtube.com/watch?v=DndW50twqmo