Убавата Макарена Лемос кога имала 14 години била во кратка врска со Лионел Меси, а тој во тоа време имал 18 години. Таа изјавила дека едно поладне излегла во еден шопинг центар со својата мајка и тетка во центарот на Росарио. Во еден момент приметила дека мајката на Меси ја демнее и фотографира…
– Неговата мајка ме пратеше и фотографираше се додека не се завртев и ја запрашав, што се случува. Во раката држеше телефон и тава. Потоа почна да ме навредува. Не ми беше јасно прави во продавница за електроника со тава во раката?, изјавила Макарена.
Млада девојка не можела да се изначуди на однесувањето на г-ѓа Меси, тврдејќи дека никогаш во јавноста не откривала никакви детали за нивната романса.
– Јас никогаш не сум зборувала за тоа дали сум спиела со Лео. Тогаш имав 14 години, и Лео 18. Немам ништо откриено на јавноста за нашиот однос. Неговата мајка ме третира како да сум никој и ништо. Претпоставувам дека таа мислела дека ќе објавам нешто за нас во некој магазин, иако тоа никогаш не го направив, потврдила Макарена.
– Бев шокирана, не очекував никакви непријатности во недела попладне додека шетам во шопинг центар, особено не во присуство на мојата мајка и тетка. Лионел има телохранители кои го придружуваат, но јас немам. Јас излегувам во град и се гледам со пријателите исто како и секој нормален човек – додала таа.
И покрај инцидентот, Макарена признала дека би сакала да ја помине ноќта со најдобриот фудбалер во светот …
– Тоа за мене е недовршена приказна.