Крајот на годината и почетокот на следната е време кога започнуваат шпекулациите за предвидување за претстојните Оскари. Академијата официјално го објави постерот за следната година.
На постерот за 84-те по ред Оскари се аплицирани сцени од филмовите “Кум”, “Гладијатор” и “Мојите песни, моите соништа “. Со пораката “Пронајдете го филмот во вас”, Академијата има намера да ги разбуди емоциите кај секој човек.
Објавата за номинациите ќе се одржи на 24 јануари 2012 година, а доделувањето ќе биде следната година на 26-ти февруари, а традиционално ќе се одржи во Kodak Theatre, Калифорнија.