Експлозија во Француска нуклеарка. Еден мртов и четворица повредени. Радијација се уште нема

popara12 септември, 20111min00
0

Француските власти објавиле дека во понеделникот околу 11:45 часот се слушнала силна експлозија во поранешната нуклеарна централа Marcoule. Француските медиуми јавуваат дека експлодирала печката за топење на метали, и дека еден човек е мртов, а четворица се повредени. Се стравува од истекување на радиоактивен материјал. Пред експлозијата, избил пожар во складот за нуклеарен отпад, известува Ле Фигаро. Нуклеарна централа се наоѓа во француската покраина Гард на југот од земјата.

Француската нуклеарна агенција за безбедност соопштила дека нема истекување на радиоактивен материјал. Но не е исклучена и таа можност. На местото на несреќата веднаш пристигнале противпожарни единици и амбилатни возила.

Macroule е поранешна нуклеарна централа која денес произведува MOX гориво. MOX е комбинација која се добива од ураниум оксид и плутониум. Тоа се користи за рециклирање плутониумот од нуклеарениот отпад.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag