Контрола над своите чувства има „интелигентен емотивец“, личност која одлично ја познава својата емоционална состојба врзана за професионалниот живот и смирено ги артикулира проблемите.
Дури 71% од работодавачите повеќе ја ценат емоционалната интелигенција отколку онаа „обичната“, а дури 59% од нив попрво би вработиле човек со повисока емоционална интелигенција, отколку со висок IQ, покажале последните американски истражувања.
Постојат јасни знаци кои ги откриваат оние со развиена емоционална интелигенција, првата е добрата контрола на своите чувства. Овие луѓе проблемите ги решаваат дипломатски, со јасен разговор и конструктивни предлози. Следните се во продолжение:
Прво здив, па збор – луѓето со висока емоционална интелигенција чувствуваат стрес и вознемиреност исто како и сите други, само разилката е во тоа како реагираат на емотивните напнати ситуации. Прво длабоко ќе земат здив, а потоа ќе кажат тоа што имаат.
Чудесната моќ на слушањето – показател за висока емотивна интелигенција исто така е доброто сослушување на соговорникот, тврдат психолозите. Надредените сакаат работниците внимателно да ги слушаат, а потоа да им кажат одредени конкретни предлози или критики.
Вежбање интроспекција – за човекот да биде емотивно интелигентен, потребно е добро да се познава себе, будно да го следи своето однесување и да ги познава своите добри, но и лоши страни.
Поставување прашања – луѓето со висока емоционална интелигенција често поставуваат прашања за својата работа и бараат повратни информации.