Едно е сигурно… Холивудските актерки Анџелина Џоли и Џенифер Анистон навистина имаат исти вкус. Дека сакаат исти мажи знаеме, а сега се покажа дека имаат ист вкус и за чанти, кои се важен дел од модниот стил на една жена.
И двете актерки и фрлиле око на чантата „Карина“ од колекцијата на Том Форд. Џен ја носела на гостувањето на емисијата „Добро утро Америка“, а со истата чанта Енџи била забележана пред некое време во Лондон. За разлика од љубовта на Бред Пит, овојпат Енџи е таа која ја имаше чантата прва.
Па добро, барем за чанти не мора да се караат и да ги делат, едноставно можат да си купат по едена. На крајот на краиштата, камо да можеше да направат два примерока од Бред Пит!