Есенски намирници за енергија и сила

popara17 октомври, 20111min00
esenski namirnici

Есента е период на многу настинки, вирози и грип. Во ова годишно време се јавува недостаток на енергија и послаба концентрација, но и намален имунитет, несоцина и почести главоболки. Како да се ослободите од овие проблеми и да го заштитите вашето здравје??? Одговорот е едноставен: сезонско овошје!!!

Есенското сезонско овошје не само што содржи витамини и минерали неопходни за зачувување и зајакнување на имунитетот, туку и е многу вкусно. На пример, костените и пченката се одличен извор на енергија, јаболките помагаат за намалување на стресот, а грозјето го чува вашето срце.

Во есен значително се зголемува ризикот од депресија, но сезонското овошје не само што ќе ве размрда, туку и ќе ве наполни со енергија потребна за вашите тековни обврски. Витаминот Ц, кој е во првата борбена линија против настинките и грипот, ќе го најдете во големи количини во кивито, лимонот, мандарините, портокалите но и во пиперките.

Витаминот А, кој е важен за епителните клетки на кожата, но и за гастроинтестиналниот систем и белите дробови ќе го најдете во морковите и тиквата, кои исто така се одличен извор на антиоксиданси.

Освен во исхраната, сезонското овошје може да го користите и како маска за вашето лице и вашата кожа. Маска за коса од лимон и мед ќе и даде сјај на вашата коса, додека маска за лице од тиква и потрокали целосно ќе ја обнови и ревитализира вашата кожа која е оштетена од силните летни сончеви зраци.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag