Ешли Кол ќе се појави на големиот екран. Фудбалерот ќе се глуми самиот себе си во филмот наречен “Played”, а главната улога во филмот му припадна на Дени Даер.
На Ешли ова нема да му биде прва улога. Во 2008 година заедно со Рио Фердинанат глумеле во филмот “Dead Man Running”, заедно со раперот 50 Cent.
Филмот во кој Ешли ќе ги покаже своите актерски способности, наводно делумно го финансира неговата поранешна сопруга Шерил Кол, која се разведе од него, поради неговите љубовни авантури. Снимањето треба да започне на почетокот на следната година.