Ештон Качер конечно се огласи пред јавноста во врска со гласините за наводниот развод со Деми Мур. Тој се огласил преку видео запис наведувајќи дека медиумите во последно време пишувале секакви приказни во врска со него и Деми.
Во краткиот бриф на неговиот chime.in channel, Ештон се обратил со зборовите: “Краток коментар за статусот и интегритетот на медиумите. Искреноста во издавањето, стана единствена одговорност на авторот.”
Во последно време голем број на медиуми шпекулираат во врска со приватниот живот на Ештон, дека тој се разведува од Деми, и дека наводно некоја девојка признала дека спиела со него. Тој изјавил во видеото:
“Ние сите сме свои уредници и издавачи … Луѓето можат да ја испревртат вистината на било кој начин, облик или форма, како што тие сакаат. Лагата може да препатува половина свет, пред да излезе вистината од усните на некого. “