Изминатата недела во Загреб се појавија три огромни вратоврски, а наскоро уште една ќе биде поставена во близина на автобуската станица. Скулптурите високи четири метри се заеднички проект на туристичката заедница на градот Загреб и Академијата на краватите, кои сакаат да и се даде на метрополата уникатен и препознатлив идентитет, па се одлучија за вратоврски. Но, колку е вратоврската воопшто симбол на градот? Многумина се расправаат од каде е потеклото на вратоврската. Турополјците(Turopoljcite) тврдат дека туроплјските девојки ја измислиле вратоврската, тие им врзувале кравати на мажите кога заминувале во војна. Од друга страна Велика Горица тврди дека вратоврската потекнува од нивниот град, а сега и Загреб сака да биде град од каде потекнува вратоврската.
– Тоа е апсурдно. Загреб нема никаква врска со вратоврската – рече Звонко Матковиќ, историчар на уметноста, кој штотуку се врати од пат и сеуште ги нема видено спорните скулптури. Историчарката Снешка Кнежевиќ го дели мислењето со Матковиќ и тврди дека идејата за Загреб како главен град на вратоврската треба да се отфрли и дека воопшто е срамно некој да го наметнува тоа мислење.
– Ова се идеи од луѓе кои не го познаваат Загреб. Вратоврската нема никаква врска со културниот и уметничкиот идентитет на градот. Тоа е кампања на една институција која тие сакаат да се етаблира како бренд – вели историчарот.
Од друга страна, менаџерот на проектот “KravatArt – Загреб градот врски”, нагласува дека историјата на вратоврската е поврзана со Хрватска и дека овие споменици треба да се поставени во Загреб. Маријан Бусиќ, кој стои зад проектот, воедно основач на Академијата на краватите и ко-сопственик на Потомак, (фирма која ги произведува вратоврските Croata), вчера не беше достапен за коментар.