ЕУЛЕКС го предупредил Тачи да не презема акција во северниот дел на Косово

popara30 јули, 20111min00
387033

Шефот на мисијата на ЕУЛЕКС во Косово, Гзавије Бо Де Марнак пред почетокот на акцијата на припадниците на специјалните полициски единици на Косово, ROSА, го предупредил косовскиот премиер Хашим Тачи да не размислува да испрати полициски сили за да воспостават царина во северниот дел на Косово.
Како што пренесува порталот koha.net потпирајќи се на доверливи извори во косовската
Влада, било побарано од Де Марнак да ја подржи таквата акција на косовската полиција, но тој се повикал на извршните овластувања кои ги има ЕУЛЕКС.
Кога му било јавено дека полицијата на Косово без одобрение на ЕУЛЕКС ќе преземе мерки на севернита граница, Де Марнак тоа го квалификувал како незаконско.
“Во текот на минатата недела премиерот на косово имал контакти со шефот на ЕУЛЕКС од кого добил негативен одговор на барањето дека ЕУЛЕКС треба да ја поддржи косовската Владата во остварувањето на мерките на реципроцитет и на преминот Јариње и Брњак.
Премиерот на Косово посочил дека ќе дејствува самостојно, на што Де Марнак му одговорил да не помислува на такво нешто “, изјавил неименуван извор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag