Евакуација на стадионот заради можност за напад од НЛО?!

popara11 септември, 20111min00
Евакуација на стадионот заради можност за напад од НЛО?!

Натпреварот во американски фудбал кој требал да се одигра на 3-ти септември бил одложен, а стадионот бил евакуиран на два пати откако Флорида ја погодило невреме за кое се сомнева дека е вештачки предизвикано.

Снимките од необичното невреме предизвикаа паника кај гледачите, а имагинацијата проработе кога беа забележани облаци во облик на „летечка чинија” и неколку НЛО кои летаат сред бурата.

Некои од настаните беа забележани и на камера, што е сосема доволно да почне да се формираат теории на заговор. Сепак повеќето од луѓето не се толку луди да веруваат дека вонземјаните се мешаат во спортските натпревари помеѓу универзитетите и се мисли дека оваа демонстрација на сила нема никаква директна врска со конкретниот прекинат натпревар.

Сепак, се мисли дека наводниот напад не е случаен, и дека вонземјаните експериментираат со контролирани напад од средна големина. Според тие верувања, тие веќе усовршиле прецизни напади на стратешките цели, предизвикување катаклизмични феномени од глобални размери, а сега ги тестираат преостанатите нијанси на своите моќи на манипулирање на временските услови и луѓето.

Секако дека ова е најлудата од повеќето теории, па затоа е и најинтересна. До други, рационални и пореални објаснувања веројатно можете и самите да дојдете. Но, пред да се внесете во теоризирање, погледнете што е забележано тој ден над стадионот.

httpv://www.youtube.com/watch?v=f8tqCne_B20

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag