Сарагоса – Хуан Хозе Падиља (38), падна за време на корида, а на бикот не му требаше многу време за да нападне и да му го повреди окото и прободе вилицата. Цел во крв тој матадорот скокнал и почнал да вика дека ослепел.
Тој итно бил префрлен во болница, каде хирурзите пет часа се обидувале да му го спасат окото, вилицата, мускулите и кожата, јавува Дејли Мејл.
Бикот Маркос, кој го нападна Хозе има 503 килограми. Овој матадор и во 2001 година има преживеано многу тешка повреда која ја здобил на коридата во Памплона.
Покраината Каталонија инаку ги забрани коридите од следната година, а најголемите фанови на тие борби неодамна имаа прилика да ја погледнат последната борба во тоа подрачје.
httpv://www.youtube.com/watch?v=1tKqWzvZpuo