Џорџ Озборн, британскиот министер за финансии ги предупредил своите колеги од целиот свет дека останале само уште шест недели за спасување еврото, кое е пред умирање!
Озборн бил сериозно критикуван од страна на лидерите на земјите од еврозоната, кои не успеале да ги вратат своите долгови, и рекол дека постои само една шанса, а тоа е состанокот Г-2 кој ќе се одржи во ноември во Франција.
– Меѓународната заедница го губи трпението. Целиот свет тоа го знае – времето и истекува на еврозоната. Еврозоната има точно шест недели да ја реши оваа политичка криза, изјавил Озборн.
Во Велика Британија овие денови се очекува одлука на новата финансиска инекција за проблематичната економија, тешка 300 милиони фунти, а многумина стравуваат дека овој потег од страна на владата можел да ја зголеми инфлацијата.
Кристин Лагард, шефицата на ММФ, изјавила дека “постои голем ризик за светската економија” и дека спрегата помеѓу нискиот раст на економија, и слаба политичка волја довело до криза кај инвеститорите.
– Над Европа има црни облаци, додека во САД има голема несигурност. Ова може да доведе до колапс на глобалната побарувачка изјавила Лагард.