Во државата Моно, Калифорнија, североисточно од Националниот парк Yosemite се наоѓа фасцинирачко езеро, старо 760 000 години, познато како едно од најсолените езера во светот. Езерото нема приклучок кон Океан, но сепак е солено и алкално. Најзабележителните негови елементи се издигнатите формации кои пак му даваат квалитет како некој друг свет, односно изглед на Месечина. Тоа се всушност формации од варовник кои своевремено биле подземни, но се претпоставува дека поради испарувањето на езерото, почнувале да стануваат видливи. Истите варовнички депозити може да се видат и на Плитвачките езера, Хрватска.