Соработката на Фејсбук и Твитер ќе им овозможи на корисниците истовремено да ги ажурираат своите статуси на Фејсбук и Твитер, што сосема сигурно ќе му донесе повеќе содржина на Твитерот.
Ако не можеш да ги победиш, придружи им се. Се чини дека оваа реченица во моментов е мото на Фејсбук и Твитер, кои ги здружија силите со цел подобрување на социјалното дружење, пишува International Business Times.
Може ли тоа да влијае на Google +?
Фејсбук, кој во моментов има повеќе од 750 милиони активни корисници, сега ќе им овозможи ажурирање на својот Твитер и тоа директно преку Фејсбук.
Оваа новост ќе им овозможи на корисниците истовремено ажурирање на статусите на Фејсбук и Твитер, и тоа сигурно ќе му донесе поголема содржина на Твитер. За почеток, корисникот треба да го посети facebook.com/twitter и да го поврзе својот Фејсбук профил со корисничката сметка на Твитер.
Ова можеби и не мора да претставува опасност за Гугл +, кој се наптреварува против двата сервиси – и Фејсбук и Твитер, се наведува во статијата во PC Magazine.
Твитер во моментов има само 100 милијони активни корисници, а многу корисници на Фејсбук, ретко го користат Твитер.