Факти за големото јаболко – Њујорк!

popara11 септември, 20111min00
new-york

Во пресрет на 10-годишнината од ужасниот терористички напад на 11 Септемви врз кулите близначки во Њујорк и во чест на многубројните жртви на тој ден ви претставуваме неколку интересни факти за центарот на светот или Големото јаболко кои можеби досега не сте ги знаеле.

 

-Холандскиот истражувач Питер Минуит, во 1626 година го купил островот Менхетен од Алгонквин племињата за ситни орнаменти и алтки во вредност од 24 долари.

-Менхетен на почетокот се викал Нов Амстердам, поради неговиот јужен дел каде се наоѓало холандското пристаниште.

– Њујорк бил главен град на Америка од 1789 до 1790 година.

– Луѓето во Њујорк во просек, патуваат по 40 минути секојдневно за да стигнат на работа.

– Повеќе од 47 проценти од жителите кои живеат во Њујорк подолго од 5 години не зборуваат англиски.

– Централ парк е поголем по површина од Монако.

– Просечната продажна цена на становите на Менхетен изнесува околу 1,5 милиони долари.

– Просечната цена на една хотелска соба за една вечер е 267 долари.

– Годишно, Њујорк го посетуваат околу 45 милиони домашни и странски туристи. Трошат околу 25 милијарди долари.

– Сите такси возила се во жолта боја. Сопственикот на такси компанијата, Џон Херц сметал дека жолтата е највоочлива боја за окото. И во право бил.

– Банката со федерални резерви на Вол Стрит има подземни простории 25 метри длабоко во земјата. Таму се чуваат околу 25% од светските резерви на злато.

– Повеќе од 250 филмови годишно се снимаат на улиците на Њујорк.

– Во просек, секој ден со подземната железница патуваат околу 4,9 милиони луѓе.

– Системот на метрото во Њујорк се состои од 26 подрезмни траси и 6200 вагони кои застануваат на 468 различни постојки.

– На улиците на Њујорк сообраќаат околу 12 700 лиценцирани таксисти.

– Според пописот од 2000 година, во Њујорк живеат 8 008 267 луѓе.

– Околу 790 000 компании работат во Њујорк.

– Во Њујорк работат повеќе од 18 600 ресторани и места каде се служи храна. Просечна цена на една вечера е околу 39 долари (цената вклучува и пијачка, таски и бакшиш).

– Иако постојат многу легенда за надимакот на градот – Големото јаболко, повеќето историчари се сложуваат дека потекува од еден новинар кој ги следел трките со коњи во 1920-тите и известувал за „New York Morning Telegraph“.

– Њујорк е составен од 5 одвоени области: Бруклин, Бронкс, Квинс, Стејтен Ајланд и Менхетен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag