Вчера фановите на Мајкл Џексон го прославија неговиот 53-ти роденден најпрво со палење на свеќи, а потоа во многу градови насекаде во светот се организираа најразлични манифестации во негова чест.
Се одржа и еден голем концерт на кој настапија голем број на светски музички имиња кои пееја во чест на покојниот.
Во еден град во Индија роденденот беше прославен на манифестација на која настапија огромен број на деца изведувајќи една од неговите најпознати кореографии.
Децата пак на Џексон, по поводот роденденот на нивниот покоен татко го поминаа во неговата куќа во родниот град Гари во Индијана, а пред куќата се собрале огромен број на фанови. Токму во овој град се одржа и четири дневен фестивал во негова чест.