Фантастичниот дом – око на Наоми Кемпбел

popara20 септември, 20111min00
5

Сопственичка на оваа неверојатна куќа е манекенката Наоми Кемпбел. Куќата е во вид на око од египетскиот бог Хорус и има 25 соби, неколку сали за забави, постојан проток на светлина и прекрасно природно опкружување.

Ако дојде крај на светот, Наоми не мора воопшто да се грижи. „Црната пантерка“ си изгради еколошка куќа на Клеопатриниот остров во Турција, а целото архитектонско чудо е дело на архитектот Луис де Гаридоа. Куќата има специјални функции, како на пример, целата градба сама се снабдува со струја и вода, така што Наоми нема што да му ја мисли доколку дојде до еколошка или нуклеарна катастрофа.

Целото здание има 25 прилично осветлени соби поради стаклото со кое е покриена целата куќа. Стакленикот преку зима ќе овозможи доволно топлина во домот на Наоми, а во текот на летото ќе има вклучено природен систем за вентилација.

Островот на кое е изградено окото се вика Садир. Се наоѓа во Турција, и е попзнат како окото на Клеопатра. Погледнете ги само сликите и кажете, дали и вие не би посакале да живеете во вакво архитектонско чудо?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma