Американка која партнерот заедно со синот ги држел во заробеништво го украла лаптопот и преку социјалната мрежа испратила повик за помош.
Јута – Фејсбук ги спасил! Американката која заедно со својот 17 месечен син партнерот ги држел во заробеништво скоро пет дена, успеала да се спаси себе и детето од смрт, благодарение на фејсбук. Жената успеала да го украде лаптопот да се сокрие во плакар и да испрати порака преку која повикала помош.
„Син ми и јас ќе бидеме мртви до утре ако некој не не спаси“, нашпишала таа на фејсбук.
Набрзо стигнала полицијата и парнерот на жената Трој Рид Кричлфилд бил уапсен. Тој и забранил на жената да излегува од дома, и го земал мобилниот телефон и во тој период повеќе пати ја силувал и се обидел да ја задави.