Фејсбук низ бројки… Неверојатно!

popara4 септември, 20111min00
facebook_jungle
  1. Фејсбук е стартуван на 4 февруари 2004 година кога Марк Цукерберг бил студент на универзитетот Харвард.
  2. Марк Цукерберг поседува 24 % од акциите на Фејсбук. Микрософт поседуваат 1,3 %. Моментално Марк е најмладиот билионер и тежи 1,5 билиони.
  3. 25% од компаниите одбиле кандидати за работа откако го истражиле нивниот фејсбук профил – затоа внимавајте што лепите на ѕидот.
  4. Сите информации, слики и мрежи им се достапни на создавачите на апликациите на Фејсбук кои вие ги користите.
  5. 27% од Фејсбук корисниците не ставаат љубовен статус.
  6. Дури 42% од мажите и 63% од жените го искористиле Фејсбук за да најдат некој поранешен дечко.
  7. Просечниот корисник има околу 130 пријатели.
  8. Дури 70% од Фејсбук корисниците се надвор од границите на САД.
  9. Просечниот Фејсбук корисник поминува околу еден час дневно на страната, го користи лајкот 9 пати месечно и пишува 25 коментари за еден месец.
  10. Фејсбук има 1700 вработени во 12 земји ширум светот.
  11. Околу 66 168 означени слики се појавуваат на Фејсбук секоја минута.
  12. 2 167 приватни пораки се праќаат на секои 20 минути.
  13. Секојдневно околу 35 милиони луѓе го менуваат статусот на Фејсбук.
  14. Вредноста на Фејсбук е проценета на околу 32 билиони фунти.
  15. Во септември, 2009 година, Марк за прв пат објавил дека Фејсбук конечно прави повеќе пари отколку што троши.
  16. Фејсбук не само што е далеку подобар од сите конкуренти во САД, туку е и второ рангиран сајт по бараност  веднаш после Гугл.
  17. Во Сирија, Кина, Виетнам и Иран, Фејсбук е забранет.
  18. Во 2008 година, 23-годишнате девојка по име Лорен Михаелс направила група „Ми треба секс“ на Фејсбук. За 10 минути имала 35 членови, а набрзо привлекла уште 50-тина со кои евентуално спиела. Фејсбук брзо реагираше и ја отстрани страната.
  19. Една вработена во IBM ги загубила правата на платено боледување откако компанијата видела весели слики на Фејсбук, додека таа била на платено боледување поради депресија.
  20. Еден Фејсбук статус во декември, 2009 година, довел до донација на бубрег.
  21. Католичкиот поглавар во Англија и Велс прдупредил дека  Фејсбук може да доведе до самоубиства кај тинејџерите, бидејќи Фејсбук дозволува да се градат вируелни врски и го дехуманизираат социјалниот живот.
  22. На 1-ви јули 2009 година веднаш по смртта на Мајкл Џексон, неговата фан страна станала најпосетена. Претходно, најпопуларна личност на Фејсбук бил претседателот Обама со над 6 милиони фанови.
  23. Ако Фејсбук беше држава, ќе беше 5-та по големина со жители во светот, веднаш после Кина, Индија, САД и Индонезија.
  24. Фармвил има повеќе од 60 милиони играчи. Зинга – креаторот на игри како Фармвил, Мафиа војните и други игри – има годишни приходи од 200 милиони долари.
  25. Има оклу 800 000 компании кои прават апликации за Фејсбук.
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma