Фејсбук прави „попара“! :) Се најавуваат надградби со музички и филмски содржини, и уште што не!

popara4 септември, 20111min00
fejsbuk

На конференција ф8 на Фејсбук која ќе се одржи на 22 – ри септември ќе биде претставена музичката и медумската платформа со која ќе се овозможи слушање музика на самата страна на Фејсбук.

Следната надограба на популарниот „ФБ“ ќе биде можноста за слушање музика, гледање филмови и играње видео игри на сличен начин како што корисниците ги споделуваат своите фотографии или видеоснимки итн.

Пред неколку дена од Фејсбук највија дека во соработка со музичките сервиси Sportify AB и Radio Inc ќе може да се објавуваат активностите на корисниците на сличен начин како додавањето на контакти или „лајкање“ на веб страни.

Според изворите, Фејсбук нема да биде директен „хост или стрим“ на музичката програма или пак на другите медиумски содржини, па така оваа улога ќе им ја додели на своите партнери. Ова претставува сериозен чекор понапред од Ејпл, Гугл и Амазон, а главната цел на оваа стратегија на Фејсбук е да стане платформа за медиумски содржини, на сличен начин, како што е моментално платформата за игри и апликации.

Холивудското филмско студио Варнер Брос веќе во последните неколку месеци ги изнајмува своите филмови на Фејсбук, така што ги наплатува по 30 до 40 Фејсбук кредити од филм, од кои 30 проценти од заработката припаѓаат на Фејсбук. Овие кредити изразени во пари се 10 американси центи за еден Фејсбук кредит.

Истотака кружат гласини дека и Нетфликс би можел да овозможи гледање филмови на „ФБ“, но повеќе сигурни информации ќе бидат изјавени на Фејсбук ф8 конференцијата која како што веќе ја најавија на 22-ри септември.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag