Фејсбук воведе нова опција- „Subscribe”

popara16 септември, 20111min00
facebook

Фејсбук ја претстави новата услуга која на корисниците им овозможува да се „претплатат” (subscribe) на јавни статуси и содржини на корисниците кои не им се пријатели.

До сега корисниците на Фејсбук можеа меѓу себе да станат само „пријатели” (friends), но сега ќе може и да се претплатат на одредени индивидуални профили кои ќе бидат слични како и досегашните фан страни на Фејсбук.

Корисникот ќе може да одлучи дали на својот профил ќе ја додаде опцијата „Subscribe” за да им овозможи и на луѓето кои не му се пријатели да ги видат неговите јавни статуси во нивниот News Feed, oдносно веќе нема да има потреба од директно посетување на фан страниците на Фејсбук.

Исто така, корисникот ќе добие известување секогаш кога некој ќе се претплати на пратење на неговите статуси, и ќе има контрола на тоа кој може да коментира и да ги лајкува неговите постови.

На блогот на Фејсбук е истакнато дека оваа нова алатка може највеќе да им користи на новинарите, уметниците и политичарите.

„Ако ја видите опцијата Subscribe на профилот на својот омилен блогер, тоа значи дека ќе може да се претплатите на пратење на неговите постови. Само кликнете на опцијата за да ги добивате неговите јавни статуси во својот News Feed, известуваат од Фејсбук.

На корисниците на Твитер веднаш ќе им падне во очи сличноста со функцијата на Твитер Follow. Имено, функцијата Subscribe повеќе делува како Follow на Твитер и така ги охрабрува јавните личности почесто да ги ажурираат своите статуси на Фејсбук, на сличен начин како што тоа го прават на Твитер.

Ако Subscribe заживее, дали може да ги промени навиките на корисницте за содржината на нивните постови на Фејсбук?

Наместо како место за комуникација помеѓу пријателите, некои корисници од сега ќе гледаат на Фејсбук како место за „broadcasting”.

За да им овозможите на другите личности, кои не се ваши пријатели на оваа друштвена мрежа, да ги пратат важите статуси и содржини што ги објавувате ќе морате да статусите да ги означувате како Public”. Пред тоа, на оваа страница (http://www.facebook.com/about/subscribe) треба да ја уклучите опцијата „Subscribe”.

„Нашата мисија е поврзување на луѓето и помагање во споделувањето на содржините. Целта е на луѓето да им се даде повеќе контрола,” изјави Наоми Глејт, директор на производот од Фејсбук.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag