Фељтон: Принцови на столетието, “Lamborghini” 6-дел

popara11 јули, 20112min00
0

Lamborghini од 1994 до денес.

 

Во 1994 година Chrysler почнал да бара потенцијален купувач на Lamborghini, и за кратко време се договориле за 40 милиони долари со холдинг компнијата под името МegaTech, регистрирана во Бермуда а во целосна сопственост на индонезискиот конгломерат SEDTCO Pty. која била предводена од бизнисмените Setiawan Djody и Tommy Suharto, најмладиот син на тогашниот индонезиски претседател Suharto. Michael J. Kimberly поранешен потпредседател на General Motors бил назначен за извршен директор на компанијата. Michael направил ревизија во компанијата и одлучил дека Lamborghini треба да произведува повеќе од еден модел годишно. Во 1995 година Diablo бил доработен во SuperVeloce.

И покрај успехот компанијата сепак повторно се поделила во две корпорации, едната била V’Power Corporation на Tommy Suharto со 60% од капиталот на компанијата , и другата  на MyCom Bhd. Во сопственост на Jeff Yap со 40 % од капиталот.

Во ноември 1996 година Lamborghini го ангажирал Vittorio di Capua како председател на корпорацијата, надевајќи се дека ветеранот кој поминал 40 години во гигантот Fiat  ќе успее повторно да ги врати продуктивноста и профитот на компанијата.  Di Capua веднаш започнал со намалување на трошоцитеи испуштање на голем број извршни директори и успеал за кратко време да ја зголеми продуктивноста за 50 %.

Во 1997 година, Lamborghini успеал да продаде 209 модели на Diablo, тринаесет повеќе отколку што било потребно за компанијата  биде профитабилна. Развојот на ” baby Lambo ” конечно почнал да ја придвижува компанијата обезбедувајќи буџет од 100 милиони долари.

Финансиската криза која ја зафатила Азија во 1998 година придонела за нова поделба на компанијата. Новиот председател на Volkswagen AG, Ferdinand Piëch , внук на Ferdinand Porsche бил заинтересиран да ја откупи компанијата и набргу го реализирал тоа плаќајки 110 милионио евра за Lamborghini . Компанијата сега била под германска контрола, каде портпаролот на AUDI AG, изјавил за The Wall Street Journal дека на Lamborghini му треба техничката експертиза која ја имаат германците.
За кратко време Lamborghini бил поделен во две корпорации каде едната се занимавала со производство на автомобили, додека другата за производство на мотори за бродови. Тоа придонело во 1999 година да замине Vittorio Di Capua кој веднаш бил заменет со Giuseppe Greco исто така ветеран кој долги години работел во Fiat, Alfa Romeo и Ferrari.

Истата година бил претставен и финалната верзија на Diablo, GT.

Германските сопственици одиграле голема улога во производство на модел кој ќе го замени Diablo, првиот проект бил моделот L140, кој го претставува повторното раѓање на Lamborghini. Новиот предводник моделот Murciélago бил создаден од новиот шеф на одделот за дизајн, белгиецот Luc Donckerwolke.
Под германска сопственост, Lamborghini  веќе обезбедил стабилност која не била видена со години. По моделот Murciélago, во 2003 година Lamborghini го создава моделот Gallardo, а во 2006 излегува и моделот Miura Concept.

Во 2009 се произведува последната верзија од моделот Murciélago, со пуштање на моделот LP 670–4 SV (“SuperVeloce”). Вкупно 4000 автомобили на Murcielago биле произведен во 2010 година. Автомобилот исто така бил продаван и во Кина, пазарот во Азија-Пацифик се повеќе се развивал и имал голем пораст, кој опфаќал 25% од продажбата на Lamborghini.

Во 2011 излегува на пазарот моделот Lamborghini Aventador кој ќе го замени моделот Lamborghini Murcielago. Претставувањето на Aventador било на 1 март 2011 година на авто саемот во Женева. Lamborghini Aventador има максимална брзина од 217 mph (349 km / h).


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag