Предходникот на моделот 410, Ferrari 375 America се карактеризирал со нов 4,5-литарски V12 Lampredi мотор направен врз основа на истиот мотор кој се користел во Ferrari Формула 1 тимот. Изградбата на автомобилот се одвивала од 1951 година до крајот на 1955 година. И покрај тоа што производството на овој автомобил се одвивало во рок од пет години, Ferrari продал релативно мал број возила од овој тип.
Првата серија 410 Superamerica или пократко Серија II, 410 навистина била без конкуренција и сама си владеела во царството. Моделот и неговиот неверојатен звук од неговиот Lampredi V12 мотор го дефинирал сосема новото ниво на егзотични автомобили. Овој автомобил, со својата историја на центар на вниманието од Париз па до разни настани низ целиот САД, во комбинација со реткото пократко меѓуоскино растојание и завивачкиот Lampredi V12, вреди цели 2.970.000 $ на аукција.
Моторот на Ferrari 410 Superamerica е проширен до 4963 кубни сантиметри и резултира со 340 коњски сили. 375 America располагал со 4522 кубика и произведувал 300 коњски сили. Модификациите продолжиле со текот на времето, вклучувајќи и зголемување на ширината од 130 милиметри кај предниот и задниот дел и амортизацијата во предниот дел била заменета со спирални пружини. Овие промени дале поширок став со помодерен изглед и подобра стабилност при поголема брзина.