Викендов се пушеше марихуана дури и пред градското собрание во Окланд, Калифорнија. Пушењето марихуана пред собранието, но и низ целиот град беше дел од фестивалот на марихуаната кој се оддржа овој викенд.
Фестивалот го организираа International Cannabis и Hemp Expo, а како централна локација беше избран токму плоштадот пред гратското собрание.
„За да запалите „џоинт“ на овој фестивал беше потребно да поседувате валидна медицинска дозвола за тоа“, велат од организацијата.
Во Калифорнија марихуаната беше легализирана во 1996 година, а пред две години беше отворена најголемата продавница за сите производи поврзани со канабис.
На фестивалот кој се оддржа викендов се продаваа секакви производи, вклучувајќи и бонгови, лулиња, ризли и кутивчиња, а беа организирани и настапи на неколку бендови. Се надеваме дека овој фестивал ќе стане традиција и дека ќе добие интернационален карактер.