Лидерот на кубанската револуција Фидел Кастро (85), влегол во Гинисовата книга на рекорди со тоа што е личност врз која најмногу пати имало обиди за атентат, а досега бројката изнесува 683.
„Историски гледано лидерот на кубанската револуција Фидел Кастро е лицето кое најмногу пати се обиделе други лица да го убијат“, соопштено било на Cubadebate .
Се наведува и фактот дека до 2006 година, кога поради болест тој се повлече и управувањето на земјата ја остави на својот брат Раул, врз Кастро имало 638 обиди за атентат, и наводно повеќето биле нарачувани од ЦИА.
„Методите кои биле користени за да се убие Кастро биле најразлични, со снајпери, експлозив, отров во цигари“, и многу други според соопштението на овој кубански медиум.