Филмот на Џони Деп конечно ќе се снима! Сепак Осамениот Ренџер има среќен крај! Е тоа допрва ќе видиме!

popara26 септември, 20111min00
loneranger-officiallogo-tsr

Покрај големата бука за „инфлациониот“ буџет за снимањето на „The Lone Ranger“, Дизни го најави проектот, чие дело е на Џеру Брукхеимер како продуцент, Гор Вербински како режисер, а Арми Хамер и Џони Деп ќе бидат главните улоги на модерниов вестерн.  Со планирано издавање на филмот на 21-ви декември 2012, студиото ќе започне со снимањето на филмот во почетокот на 2012, така што ќе имаат само една година време за работа. Со додатен буџет од 250 милиони долари и сет опрема за снимање како за „најголемата воз секвенца во филмската историја“ , се прашуваме, како ли креирачите на филмов ќе успеат да ги задоволат критериумите на студиото Дизни?

Како што е назначен крајниот датум за издавање на филмот, одговорите се се повеќе комплицирани, вклучувајќи го и обновувањето на договорот со Деп, а тука се и Вербински и Брукхеимер. Да не споменуваме дека главната женска улога ја има Рут Вилсон или пак споредните улоги како Хелена Бонхам Картер, Бери Пепер, Двајт Јоакам или Том Вилкинскон, но веројатно на нив се смета и покрај кусиот закажан датум на издавање на филмот. Од студиото форсираат на голем „ремонт“ на продукцијата и на сценариото од Џастин Хајт ( Револуционерен Пат ), за кои се шпекулираше дека вклучува наприродни елементи и други жанровски моменти. Но Дизни знае како да се справи кога е Вербински во прашање, како што беше случајот со „Пиратите од Карбите: На Крајот од Светот“, кој сеуште го држи рекордот за најбуџетен филм во историјата.

Како и да е, 215 милиони се секако многу повеќе од 163 милиони долари, но и поголем коцкарски влог за Дизни студиото, па само времето ќе покаже дали „Д Лоун Реџер“ ќе блесне на „бокс офисот“ во декември следната година.  Дали би можело ова да се претвори во најголемо филмско достигнување во историјата? Па на крај на краиштата Дизни  барем има коњ кој ги става своите копита едно по друго кон вистинската насока кон остварување на невозможното: да сними модерен вестерн за неполна година! Па ајде да видиме …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma