Филмот за Хари Потер се очекува да надмине заработка од милијарда долари

popara2 август, 20111min01
hari-poter

Последното продолжение на филмот за Хари Потер – „Хари Потер и реликвиите на смртта 2“ може после викендот да ја надмине заработката од милијарда долари и со тоа да го надмине упехот на преостанатите седум делови на овој серијал, пишуваат денешните странски медиуми.

Филмот до сега има заработено 926 милиони, помалку од првото отварање на „Хари Потер и каменот на мудроста“ од 2001 година, кој кешираше 974,8 милиони долари, па сепак медиумите предвидуваат дека би можел да надмине милијарда долари.

Само девет филмови ја имаат надминато таа цифра, меѓу кои е „Темниот витез“ на Кристофер Нолан (2008, „Алиса во земјата на чудата“ на Тим Бартон (2010) и „Пиратите од Карибите: На чудни плими“ на Роб Маршал (2011).

„Аватар“ на Џејмс Камерон е единствениот филм кој имја заработено повеќе од две милијарди ширум светот.

“Хари Потер и реликвиите на смртта 2“ првиот викенд од претставувањето го собори рекордот заработувајќи 168.5 милиони долари во Велика Британија, додека ширум светот инкасираше вкупно 476 милиони долари.

One comment

  • МаЛаТа АнА.

    5 август, 2011 at 18:07

    Уффффф многу >:O

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag