Флертот на работа се раѓа поради досада!

popara17 јули, 20111min00
flertot na rabota se raga pordi dosada

Не се радувајте премногу кога колегата од канеларија ќе поцне да флертува со вас – научниците тврдат дека причина за тоа не се вашите прекрасни очи или долги нозе, туку досадата.

Насмевките и погледите кои ќе ги забележите секогаш кога ќе ја подигнете главата на работа, неврзаните муабети во ходникот на фирмата можат да изгледаат како комплимент на вашиот сексипил, но флертот на работа најчесто се раѓа од чиста досада, а не поради атрактивноста на учесниците.

Жените кои флертуваат се исто среќни како и оние кои се ограничуваат само на бизнис релациите. Меѓутоа мажите кои флертуваат имаат тенденција така да се орасположат ако не се задоволни со успехот на работа.

Истражувањто нарачано од Харпер базар откри и дека жените ги гледаат своите колешки како главни ривали на работното место. Затоа 3 од 5 повеќе би сакале да работат за маж, а 86 проценти би се впуштиле во мување со колега ако тоа значи дека на работа ќе можат да прават што сакаат.

Ова само ја потврди студијата од 2007 година која покажа дека повеќето вработени жени повеќе сакаат маж како шеф и се сосем поготвени да си го исфлертуваат патот до подобра позиција во фирмата.

Познато е дека луѓето флертуваат за да ја зајакнат самодовербата, за да се забавуваат или да доживеат романса. Колку повеќе флертуваат, поголема е веројатноста дека се незадоволни од работата, но учесниците во оваа студија велат дека не е точно дека флертот им помага да станат позадоволни со работата или да работат подобро од периодот кога немало романса на повидок.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma