Врската помеѓу кучето и сопственикот навистина може да биде магична. Не само затоа што кучето некогаш е спремно да го ризикува својот живот за човекот, туку и поради тоа што луѓето се спремни да го прават за своето куче.
Една од работите кои често се земаат здраво за готово, е шетањето со своето милениче кое може и те како да го зближи сопственикот со кучето, но може да биде и извор… на други емоции.
Во галеријата која ви ја пренесуваме имате можност да видите само некои од начините на кои најобичната прошетка може да се претвори во вистинска авантура, како за кучињата, така и за нивните сопственици.
Би било интересно да се дознае што се се врти во главите на животните и на луѓето од оваа слика и како воопшто тие дошле до идеите забележани на овие слики. Можеби најдобро е да не им навлагаме, но никако не ја пропуштајте нашата галерија на „најобична” прошетка.