Французинките во паника: Им ги зголемиле градите со токсични силикони

popara18 декември, 20111min00
silikoni

Француската компанија Poly Implant Prothesis, имплантите ги полнела со индустриски силикон наместо со поскапи медицински силикони. На овој начин заштедила дури една милијарда евра.

Повеќе од 30.000 французинки кои последните десет години ги зголемувале градите се во паника откако е откриено дека во градите носат импланти полнети со индустриски силикон. Испаничени и преплашени жените протестирале пред француското Министерство за здравство, обвинувајќи ја државата дека на направила доволно. Бараат од државата да им овозможи средства за отстранување на силиконите.

Француската компанија Poly Implant Prothesis, која ги продава силиконите и во Шпанија и Велика Британија имплантите ги полнела со ефтини силикони наместо со скапи медицински, а “врекичките” биле преполни и од нив истекува течност. Откриено е дека компанијата со најефтини силикони заштедила околу милјарда евра. Скандалот е откриен минатат година откако 2000 жени поднеле тужба поради настанатите компликации.

Компанијата е затворена, а започната е истрага откако една жена која имала силикони починала од рак на дојка.

Од Министерството за здравство објавиле дека имаат сознанија за четири случаи на вградени токсични импланти, но истакнуваат дека неможат да потврдат дека силиконите го предизвикале туморот кај жените. За жал две веќе се починати.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag